CommonPass овозможува да го документирате вашиот COVID-19 статус со цел да може да патувате во други земји и да одговорите на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја вашата приватност.
Со CommonPass на едноставен начин може да ги преземете резултатите од направениот COVID-19 тест и вашите вакцинални потврди, и да го покажете вашиот здравствен статус на влез во друга држава без да откривате други лични здравствени информации.
CommonPass во моментот е со ограничена достапност само со избраните партнери .
Лицата кои сакаат да го користат CommonPass, можат да пристапат до нивните резултати од лабораторија или до потврдите за вакцинален статус преку постојните национални здравствени системи или регистри.(https://www.vakcinacija.mk)
CommonPass платформата проверува дали лабораториските резултати на лицето и вакциналните податоци се веродостојни и дали ги содржат барањата за здравствен скрининг на земјата на дестинација.
Доколу барањата се исполнети, CommonPass креира едноставен дигитален сертификат кој лицето може да го покаже или сподели без да открива лични здравствени информации.
CommonPass е дизајниран со можност за пристап директно преку други апликации и услуги. Со CommonPass и CommonTrustNetwork, владите можат со сигурност да го проверат верификуваниот COVID-19 статус на секој патник, а авиокомпаниското и прекугранично патување може безбедно да се вратат во „нормала“ за патниците, авиокомпаниите и владите.
Во ова упатство има инструкции за користење на мобилната апликација.
CommonTrust Network е основанa од The Commons Project Foundation и од Светски Економски Форум и претставува глобална мрежа на јавни и приватни организации кои работат со цел да им овозможат на луѓето дигитален пристап до нивните здравствени податоци, преку користење на интероперабилни и лесно-проверливи стандарди.
Мрежата CommonTrust исто така е и глобален регистар на доверливи лаборатории, извори на вакцини и здравствени податоци.
CommonPass е дизајниран да ја штити приватноста на податоците и да ги задоволува регулативите за приватност на податоците, придржувајќи се кон следниве принципи на приватност:
Податоците се чуваат или споделуваат само со изречна согласност.
Се користи само минимален износ на лични податоци за каква било трансакција.
Лични здравствени информации се зачувуваат само на изворот на податоци или на телефонот на корисникот.
Податоците се чуваат само до оној степен што е неопходен и никогаш не се користат за друга намена.
За повеќе информации прочитајте тука
Во моментот, резултатите од COVID-19 тестови често се презентираат на печатена хартија или фотографии од хартија од непознати лаборатории, напишани на странски јазици за оние кои ги проверуваат. Нема стандарден формат или систем за сертификација за резултатите од лабораторијата. Дополнително, евиденцијата за вакцинација генерално се споделува на хартиени картички кои можат лесно да се фалсификуваат. Бидејќи земјите работат на релаксирање на ограничувања на границите и барањата за карантин, им треба посигурен модел за потврдување на здравствениот статус на патниците што доаѓаат. The Commons Project Foundation и Светскиот економски форум соработуваат за создавање глобална мрежа на даватели на тестирања, даватели на вакцини и регистри на јавно здравје како дел од напорите за безбедно поврзување на светот.